Видеа и Meta реклами за бизниси што веќе продаваат и сакаат повеќе клиенти. Месец по месец.

  • Продавница за клими: 700+ пораки во првиот месец
  • Салон за убавина: 450 лидови за 2 месеци
  • Бренд за нега за мажи: 150 нарачки во еден месец, ROAS 9
  • Пејнтбол арена: 50+ закажани термини
  • Кафуле за појадок: 3.400+ следачи и 1,1 милион прегледи, со 5 $ на ден

Звучи познато?

Добар производ, слаб маркетинг. Тоа се поправа.

  • 01

    Плаќаш реклами, ама нарачките не доаѓаат?

    Ги поправаме понудата, креативите и она што се случува по кликот.

  • 02

    Пушташ буст пост и продаваш, а кога ќе заврши, нема продажби?

    Секој месец нови видеа и реклами што продаваат постојано, не само додека трае бустот.

  • 03

    Немаш време и за бизнисот и за маркетингот?

    Ние снимаме, ги водиме рекламите и ти праќаме извештај.

Резултати

Три бизниси, три различни проблеми.

Бренд за нега за мажи

Проблем
Добар производ што не се продаваше. Сами правеа реклами, а нарачките беа ретки.
Што направивме
20 креативи во првиот месец, видеа и статични објави, сите насочени кон продажба.
Резултат
150 нарачки во еден месец, со ROAS 9.

Продавница за мебел

Проблем
Продажбата траеше колку и бустот. Штом ќе заврши, престануваа и пораките и повиците.
Што направивме
Нови видеа секој месец, а за моделите на залиха посебна видео реклама.
Резултат
Постојана продажба и раст на следачите. По една видео реклама, целата залиха од маси Нанда се распродаде за 3 дена: 5 маси по 55.000 ден.

Продавница за клими

Проблем
Продажбата веќе беше добра. Проблемот беше времето: немаа кога да се занимаваат и со маркетинг.
Што направивме
Го презедовме целиот маркетинг: снимање, реклами и бројки.
Резултат
Уште повеќе продажба, а тие имаат време да здивнат. 700+ пораки во првиот месец.

Работата

Работата зборува прва.

Видеа

Кадар од вертикално видео: Продавница за мебел

Продавница за мебел

Кадар од вертикално видео: Кафуле за појадок

Кафуле за појадок

Кадар од вертикално видео: Пејнтбол арена

Пејнтбол арена

Кадар од вертикално видео: Продавница за клими

Продавница за клими

Кадар од вертикално видео: Салон за убавина

Салон за убавина

Кадар од вертикално видео: Пејнтбол арена

Пејнтбол арена

Кадар од вертикално видео: Продавница за парфеми

Продавница за парфеми

Кадар од вертикално видео: Производи за здравје и нега

Производи за здравје и нега

Кадар од вертикално видео: Кафуле за појадок

Кафуле за појадок

Кадар од вертикално видео: Бренд за нега за мажи

Бренд за нега за мажи

Статични објави

Објава за Ден на кафето: кафе и сок за 150 денари
Кафуле
Производна објава за масло за брада
Бренд за нега за мажи
Фотографија од храна за кафуле
Кафуле за појадок
Објава за мини маркет: благо, солено, ладно
Мини маркет

Веб-страници

Почетна страница на веб-продавница за мебел

Продавница за мебел

Целосно функционален Web-Shop со админ панел

Почетна страница на веб-страница за кафуле

Кафуле за појадок

Веб-страница за странци што бараат на Google

Landing page на пејнтбол арена за резервација на термини

Пејнтбол арена

Landing page за резервирање на термини

Отвори ја страницата
Landing page за фитнес тренер

Фитнес тренер

Landing page за фитнес тренер

Како работиме

Прв месец поставуваме. Потоа тестираме. Потоа растеме.

Секој месец учиме од претходниот. Затоа резултатите растат со времето.

  1. 01

    Месец 1: Поставување

    Ја средуваме понудата, снимаме прва серија креативи и ги пуштаме кампањите.

  2. 02

    Месец 2 и 3: Тестирање

    Тестираме креативи и пораки. Слабото го гасиме, доброто го задржуваме.

  3. 03

    Од месец 4: Скалирање

    Она што работи го снимаме повеќе и му даваме поголем буџет.

Понуда

Долгорочен партнер, не еднократен проект.

Секој месец: еден ден снимање и 8 до 20 креативи (видеа и статични), зависно од буџетот за реклами. Плус водење на Meta рекламите и месечен извештај со разговор.

Ако имаш услужен бизнис, добиваш и landing page: плаќаш само домен (20 € + ДДВ годишно), хостингот е бесплатен. Ако веќе имаш веб-продавница, работиме со неа.

Месечно партнерство од

500 € / месец

По првиот месец ти одлучуваш

плус буџет за реклами, од 10 до 20 € на ден, што го плаќаш директно на Meta, не нам.

Со рекламите, вкупно излегува околу 800 до 1.100 € месечно.

Гледаш сè што правиме.

  • Секој месец извештај со сите бројки и разговор за нив
  • Рекламниот акаунт е твој: ја гледаш секоја реклама и секое потрошено евро, и ако прекинеме, сè останува кај тебе
  • Првиот месец го плаќаш, но не си врзан. Ако не си задоволен, тука застануваме. Ако продолжиме, соработката е минимум 3 месеци вкупно.
Закажи состанок

Кои сме ние

Филип и Стефи. Ние ги снимаме видеата и ние ги водиме рекламите.

Работиш директно со луѓето што ја работат работата. Без проектни менаџери и без информации што поминуваат низ три луѓе пред да стигнат до нас.

Портрет на Филип, ко-основач на FS Digital
Филип
Портрет на Стефи, ко-основачка на FS Digital
Стефи

Прашања

Она што најчесто нè прашуваат.

Никој не е спремен првиот пат. Сценаријата ги пишуваме однапред и те водиме низ снимањето. Ако не сакаш пред камера, може и актер (се плаќа посебно).

Со бизниси без буџет за реклами и со оние што бараат гаранција за продажба. Резултатот зависи и од понудата и од тоа како одговараш на лидовите.

Првиот месец поставуваме и почнуваме со тестирање, вториот и третиот тестираме и подобруваме. Потребни се неколку круга снимање и тестирање за да се види што навистина работи. Затоа по првиот месец ти одлучуваш дали продолжуваме, а ако продолжиме, соработката е минимум 3 месеци вкупно.

Не бркаме само број. Следиме колку лидови станале клиенти, и ако се малку, ги менуваме пораката и публиката.

Состанок

Половина час. Без презентација, само разговор.

Пополни го краткиот формулар. Трае половина минута.

Побрзо преку порака? Viber WhatsApp Јави ни се

Дали продаваш услуга или производ?

Што најмногу сакаш да подобриш?

Соработката е од 500 € месечно (зависно од бизнисот), плус 10 до 20 € на ден за реклами. Дали тоа е во твојот буџет?

Каде да те контактираме?

Ти одговараме за 30 минути во работно време и договараме термин што ти одговара.